Куба од следната недела повторно се отвора за меѓународниот туризам

Поголемиот дел од Куба од следната недела повторно треба да се отвори за меѓународен туризам, изјави премиерот на овој карипски остров, Мануел Мареро, додавајќи дека земјата треба да се движи кон „новата нормалност” по избивањето на пандемијата на коронавирусот.

Куба ги затвори своите граници пред шест месеци, а следната недела ќе биде отворањето на сезоната ноември-март, кога, според Мареро, први за туристите ќе се отворат 13 од 16-те провинции, иако градот Хавана се уште е под строг режим, што вклучува и полициски час.

-Ќе ја отвориме можноста за меѓународни летови за сите провинции што се во трета фаза, рече Мареро и додаде дека секој што ќе дојде во Куба ќе биде тестиран за коронавирус.

На Куба досега со коронавирус се заразени 5.917 лица, а од Ковид-19 умреа 123 лица.

Треба да знаете
Последни објави