НЛБ Банка со промотивна кампања за Mastercard Business картичките за правни лица

НЛБ Банка од 10 октомври, 2020 година започнува промотивна кампања за Mastercard Business картичките за правни лица која ќе трае до 10 ноември 2020 година.

Во рамки на кампањата Банката нуди промотивни поволности за сите нови и постоечки корисници на Mastercard Business картичката како и можност за користење на единствен пакет со дозволено пречекорување и бизнис картичка врзана со трансакциската сметка на клиентот.

Сите нови клиенти кои ќе аплицираат за Mastercard Business картичките во промотивниот период ќе може да ја добијат без членарина, додека сите постоечките корисници кои ќе направат најмалку 10 или повеќе трансакции ќе бидат ослободени од членарината за основната картичка за следната година.

Како дополнителна поволност за сите корисници на Mastercard Business картичките е можност за следење на онлајн обука на тема: „Изработка на готовински парични текови“.  Предвидената обука ќе се одржи од страна на стручни експерти во организација на НЛБ Банка. Сите заинтересирани фирми ќе можат да се пријават на e-mail адресата: cash-flow@nlb.mk.

НЛБ Mastercard Business картичките се наменети за правни лица за подмирување на секојдневните службени трошоци, деловни патувања во земјата и во странство,  подигнување готовина како и за сите оние правни лица кои имаат потреба од сигурен и едноставен начин на плаќање за службени потреби кои гласат на име на правното лице.

Повеќе информации за промотивната кампања клиентите може да добијат на веб страницата www.nlb.mk, на социјалните мрежи на Банката,  на телефон 02/15 600 или во најблиската експозитура на Банката.

 

Треба да знаете
Последни објави