Театрите на Бродвеј затворени барем до крајот на мај 2021 година

Театрите на Бродвеј ќе останат затворени барем до крајот на мај 2021 година, соопшти денеска здружението Бродвеј лига. Тоа е нов сигнал дека следната сезона 2020-2021 година во САД ќе биде празна.

Тоа е уште едно одложување на манифестациите во светот на спектаклите во САД, две недели по откажувањето на следната сезона на Метрополитен опера во Њујорк. Концертните сали и театри се во мирување низ целата земја, каде се бележат десетици илјади новоинфицирани со Ковид-19 секој ден.

Здружението прво го одложи отворањето на сезоната за почетокот на септември, потоа за почетокот на јануари, а сега тоа беше сторено уште за крајот на мај.

„Нашите членови се решени повторно да ја отворат вратата веднаш штом условите дозволат”, нагласи Шарлот Сент Мартин, претседател на Бродвејската лига, во денешното соопштение.

Бродвеј на тој начин ќе остане затворен најмалку повеќе од 14 месеци, што досега не е забележано во тој кварт на спектаклите на Менхетен, еден од економските мотори на Њујорк и голема туристичка атракција. Сите кина на Бродвеј се затворени од 12 март.

Во време кога беа суспендирани, на Бродвеј беа прикажани 31 претстава, а осум беа подготвени за премиерната изведба напролет.

Треба да знаете
Последни објави