Азербејџан и Ерменија ја прифатија поканата на рускиот претседател, Владимир Путин, и ќе испратат свои претставници во Москва на разговори за прекин на огнот во Нагорно-Карабах.
„Двете земји, Ерменија и Азербејџан, потврдија дека ќе ги испратат своите делегации во Москва на разговори за да најдат решение за прекин на огнот во спорниот регион Нагорно-Карабах“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Таа, исто така, истакна дека подготовките за тие разговори се во тек.
Да потсетиме, Путин ги повика завојуваните страни веднаш да запрат со борбените дејствија, најпрво од хуманитарни причини.