Аргентина прва во светот одобри генетски модифицирана пченица

Аргентина денеска официјално стана првата земја во светот што одобри генетски модифицирана пченица отпорна на суша.

„Трансгената пченица HB4 развиена од Биосерес и француски Флоримонд Деспрез добро поднесува суша и е отпорна на хербицидот глуфозинат натриум”, се вели во службениот весник на аргентинската Влада.

Семето, сепак, не може да се продава во Аргентина се додека неговиот увоз не биде одобрен од Бразил, најголемиот купувач на пченица во Аргентина.

Ниту една земја во светот се уште нема одобрено увоз на ГМ пченица, затоа дозволата нема да биде значителен поттик за аргентинските земјоделци да почнат да сеат нова сорта пченица.

Еколошките групи предупредуваат дека не се знае доволно за генетски модифицираните култури за да им се овозможи на луѓето да ги консумираат.

Треба да знаете
Последни објави