Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска ќе има средба со раководството на СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ, на која ќе се разговара за претстојната распределба на ЕКМТ дозволи.
Како што најави неодамна Бочварски, за 2021 година, според квотата на базни дозволи со кои располага Министерството за транспорт и врски, обезбедени се 1440 годишни дозволи за возила со Евро 6 стандард и 2280 месечни дозволи за возила со Евро 5 стандард.
Во тек е изработка на нов електронски систем за распределба на дозволите, но поради ковид-кризата тој ќе стане оперативен следната година.