Брегзит може да ја чини автомобилската индустрија до 11 милијарди евра

Британското излегување од Европската Унија би можело да ги чини производителите на автомобили и нивните добавувачи околу 11 милијарди евра, предупреди финансискиот директор на германскиот производител на луксузни автомобили „бмв“, Николас Петер.

„БМВ“ потроши двоцифрен милионски износ оваа година за да се подготви за брегзит, рече Петер.

„ Потребна ни е бесцаринска трговија. Дури и во тој случај, таа мора да се одвива непречено. Имаме временски тесно усогласен систем на производство, што значи дека административната обработка на царината мора да биде ефикасна”, додаде тој.

Покрај тоа, Велика Британија мора да продолжи да ги следи барањата за штетни емисии во ЕУ, така што производителите би можеле да ги нудат истите автомобили на сите европски пазари“, нагласи директорот на германската компанија.

Големата побарувачка за електрични и хибридни автомобили му помогна на „бмв“ да го постигне планираното намалување на емисијата на штетни гасови во возниот парк за 2020 година и пред нејзиниот крај.

Треба да знаете
Последни објави