Верувале или не: Скопска фризерница добила над 270.000 евра европски пари за едукација

Скопско фризерско студио лоцирано во Аеродром, изминативе три години добивало грантови од над 270.000 евра преку програмата „Еразмус+“, која ја спроведува Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, чиј директор е Лидија Димова, објави „А1он“.

Како што објави порталот, на фирмата „В.Е.З. Трејд“ со основна дејност „фризерски салони и салони за разубавување“, а регистрирана и со општа клаузула за бизнис, ѝ било овозможено да добие грантови за проекти од областа на едукацијата. Истовремено, во правилата на „Еразмус“ пишува дека правното лице мора да е активно во сферата на едукацијата, обуката, младите и спортот.

Во други земји, вакви грантови за едукација добиваат школи, универзитети, здруженија и државни институции, но не и фирми регистрирани со дејност „фризерски салони“. Сопственикот и управител на фризерницата, Зоран Златковски, кај вработени во Нациоаналната агенција е познат по тоа што држел обуки кои биле организирани од оваа институција.

„А1он“ ја посети фризерницата на Златковски, која се наоѓа на булеверот Видое Смилевски Бато во населбата Аеродром. Станува збор за мала просторија, која е опремена со берберски столчиња и опрема за работа. На вратата пишува „фризерски салон“, а во ќошот стои бројот на локалот, „15Б“.

Нема ознака за иметно на фирмата. Фризерницата која на конкурсите за грантови се преставува со различни имиња, оваа година добила пари за проектите: „Едукација на медиумската писменост во дигиталното опкружување 2“, „Флексибилна платформа за барање работа“, „You(th)Start – Вие (ти) Започнете – Претприемачки предизвици“, „Бура од иновации – претприемачки предизвици“.

Директорката Лидија Димова тврди дека не е спорно што фирма со дејност фризерница и годинава добила четири грантови во три акции од „Еразмус+“. Таа вели дека се оценува подобноста на проектот, а не на фирмата. Димова потврди дека управителот на фризерницата, Златковски, бил ангажиран од Националната агенција и за одржување на обуки за наставници. Но, таа е децидна дека Златковски не можел на тој начин да влијае за да му се даваат грантови.

-Во правилата стои дека им се овозможува апликација на сите фирми. Мојата фирма е пристапна. При регистрација на неа, таа има општа клаузула и претежна дејност. Претежната дејност е фризерско студио, а општата сите дејности. Имам приложено тековна состојба, па во европскиот систем сум заведен како „В.Е.З. Трејд“, а „Вредност на европско знаење се генерира од порталот“, рече сопственикот и управител на фризерницата, Зоран Златковски, без да појасни за кој портал станува збор.

Треба да знаете
Последни објави