Повеќе лица се повредени во пожар кој избувна во 33-катна станбена зграда во јужнокорејскиот град Улсан. Силниот ветер предизвикал огнот кој избувнал изутрината брзо да се прошири на сите катови.
Најмалку 88 лица биле хоспитализирани поради полесни повреди , соопшти Министерството за внатрешни работи и безбедност на Јужна Кореја. Нема информации за смртни случаи или за лица со сериозни повреди.
Некои медиуми покажаа снимки од зградата зафатена со пламен и плочи од бетон што паѓаат на улица.
Стотици жители се евакуирани од високата зграда, соопштија властите. Спасени се уште 77 лица кои избегале до покривот и другите места во зградата.
Додека се испитуваат причините за пожарот, се смета дека пожарот започнал меѓу 8 и 12 кат.