Ермитаж повторно отворен – дневно прима до 4.000 посетители

Со продолжувањето на работата Ермитаж, најголемиот музеј во Санкт Петербург и цела русија, што беше затворен поради пандемијата на коронавирусот, почна да прима и до 4.000 посетители дневно, изјави генералниот директор на музејот Михаил Пјотровски.

Тој во интервју за британското Би-би-си Радио 3, изјави дека воибичаено, во летните месеци музејот има околу 22.000 посетители на ден, но годинава, поради ограничувања, немало посетители.

– Сега ние пречекуваме околу 4.000 гости на ден, иако по правило овој период бројката е над 10.000 луѓе на ден… Кога сме кај потребата да се вратат овие бројки, во мигов се разговара за можноста за бесплатни посети на ученици, студенти и пензионери, со спонзорите на музејот, изјави тој.

Пјотровски ја истакна обединувачката улога на музеите во време на пандемија.

– Додека изолацијата зема сѐ поголем замав, музејот, напротив, е дестинација на различни групи луѓе. Организиравме изложба на кинескиот уметник Жанг Хуанг. И, за нас е важно тоа што изложбата на кинескиот маестро беше прва во Ермитаж по пандемијата на коронавирусот, што пак, почна да се шири низ светот од Кина. Тоа беше еден знак на солидарност, рече Пјотровски.

За еден месец музејот ќе ја отвори изложбата „Железно време – Европа без граници”, организирана во соработка со германски музеи.

– Одржуваме заеднички изложби со нашите колеги од Германија, и покрај политичките разлики меѓу земјите. Културата е поважна од политиката или економијата, рече генералниот директор на Ермитаж.

Треба да знаете
Последни објави