Продажните цени на производителите на индустриски производи во август годинава се повисоки за 1,6 отсто на месечно ниво, а за 0,1 процент на годишно ниво.
Според Државниот завод за статистика, во август 2020, во споредба со јули 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 14,9 отсто, во секторот Преработувачка индустрија за 0,4 и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 7,1 процент.
Во август 2020, во споредба со август 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 3 отсто и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 4,3 проценти, а во секторот Преработувачка индустрија се пониски за 0,3 отсто.