Крводарителска акција ќе се одржи в среда, 14 октомври, во просториите на Општина Аеродром.
Акцијата ќе се спроведе во периодот од 09:00 – 14:00 часот, а крв можат да даруваат сите заинтересирани граѓани. Притоа, ќе се почитуваат сите мерки за заштита од КОВИД-19.
Крводарителската акција е во организација на Црвен Крст на Р. Северна Македонија – Општинска Организација Кисела Вода и Институтот за трансфузиона медицина во соработка со Општина Аеродром и градоначалникот Златко Марин.