Лондон: Преговорите за Брегзит напредуваат, но за важните теми се уште нема договор

Овонеделните преговори за Брегзит напрадуваа во некои области, но и понатаму се присутни разликите за важните теми, изјави портпаролот на британскиот премиер Борис Џонсон.

Тој додаде дека неделава имало корисни разговори и оти е остварен прогрес во поглед на некои прашања, но оти за клучните и понатаму постојат разлики.

Портпаролот на Џонсон најави дека преговорите ќе продолжат во текот на следната недела и оти Велика Британија е посветена на постигнување договор со Европската Унија.

Треба да знаете
Последни објави