Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека е неопходно да се одржат избори за народното собрание, како дел од планот за измена и дополнување на Уставот, пренесува агенцијата ТАСС, повикувајќи се на белоруската државна агенција „Белта“.
Во Белорусија, протестите против изборот на Лукашенко за претседател траат точно два месеци.
Тој победи на изборите на 9 август, што опозицијата ги оспори, тврдејќи дека изборите биле наместени.