Меси и донесе триумф на Аргентина со удар од белата точка

Се одиграа првите три натпреаври од квалификациите за Светското фудбалско првенство во јужноамериканската зона. Аргентина предводена од Лионел Меси стартуваше победнички против Еквадор (1:0). Победникот на натпреварот го реши Меси со гол од пенал. Капитенот на „гаучосите“ беше прецизен во 13. минута.

И Уругвај ја искористи предноста на домашниот терен прптив Чиле (2:1). Во Монтевидео  победникот беше решен во судиското надополнување. Домаќините имаа водство со голот на Луис Суарез од пенал, а за гостите погоди Алексис Санчез, по што во последните моменти Максимилијано Гомез донесе три бода за Уругвај.

Парагвај и Перу ремизираа (2:2). Поведоа Перуанците, па Парагвајците направија комплетен пресврт, за на крајот Перу да стигне до израмнување. По два гола за двете селекции постигнаа  Анхел Ромеро и Андре Кариљо.

Вечерва после полноќ 1. коло ќе го комплетираат Колумбија – Венецуела и Бразил – Боливија.

Треба да знаете
Последни објави