Митрополитот Амфилохије успешно закрепнува од инфекцијата со коронавирусот

Митрополитот црногорско-приморски Амфилохије успешно закрепнува од инфекцијата со коронавирусот. Митрополијата на Црна Гора денеска соопшти дека тој се чувствува добро и лекарите се задоволни. Амфилохије беше примен во болница на 6 октомври откако температурата од 38,5 степени не му се спушташе, по што беше потврдено дека е инфициран од коронавирусот.

-Таквите страдања нè потсетуваат на човечкото, вечно и непропадливо достоинство, бидејќи човекот е суштество создадено за вечноста, а не за минливоста и ништожноста, рече меѓу другото митрополитот.

Од митрополијата во соопштението напишаа и дека митрополитот се обидува да го носи својот крст и крстот на митрополијата на Црна Гора, сочувствувајќи со страдањата на милиони луѓе ширум светот кои се болни од оваа болест, па дури и со американскиот претседател Доналд Трамп.

 

Треба да знаете
Последни објави