Најмалку девет жртви во немири во затвор на Филипините

Најмалку деветмина затвореници се убиени во денешните немири што утрово избувнаа меѓу ривалски банди во затвор на Филипините.

Судирот избувнал во комплексот со максимална безбедност во затворот Њу Билибид, додека повеќето затвореници сè уште спиеле, изјави Габриел Чаклаг, портпарол на Бирото за казни.

Во судирите загинале седум членови на таканаречената банда Спутник и двајца членови на таканаречената банда Командоси, информира Чаклаг.

Сè уште не е потврдено кој го почнал насилството, ниту што го предизвикало.

Треба да знаете
Последни објави