ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина -„13 Ноември” – Скопје соопшти дека заедно со Здружението за палијативна медицина при Македонското лекарско друштво го одбележале 10 Октомври, Меѓународниот ден на палијативна грижа. Пораката на овој меѓународен ден е „Моја грижа, мој комфорт”.
На одбележувањето, посочија од болницата, присуствуваа амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј, која истакна дека не поврзува посебна врска, а тоа е делото на лејди Сју Рајдер, британска хуманистка, олицетворение на активности ширум низ светот, а и во земјава. Двата хосписа го носат нејзиното име.
Пратеничката Љатифа Шиковска истакна дека во текот на својот мандат активно ќе се залага за законски решенија во корист на унапредување на палијативната грижа и проширување на постојните капацитети.
Од Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина -„13 Ноември” информираа дека хосписот наречен храм на хуманоста го одбележи почетокот на една нова форма на лекување во нашиот здравствен систем.
Капацитет за сместување и лекување на овие болни изнесува 75 болнички легла на површина од 2000 м2 со тенденција за зголемување на капацитети. Хосписот опфаќа три содржини: покрај шесте болнички павиљони со капацитет од 75 болнички легла, распределени во двокреветни и трокреветни соби, со посебни санитарни јазли и медицински бањи, содржи и најсовремено опремени ординции, простории за интервенции и посетители (рецепција,кафетерија и мала црква) и сервисни простории.
Специфично за овој објект и постоењето на црква, која е компилација од традиции на две религии. Решението е повеќе од симпатично затоа што овозможува во најтешки моменти пред судниот час на луѓето да им овозможува да веруваат во она што веруваат или верувале целиот живот. Изградбата на хосписите еднакво ја финансираат британската фонација „Сју Рајдер” и Владата нпреку компензацискиот фонд Фаре и нашата установа. Изминатите години, хосписот редовно се оддржува, во 2017 година се изврши целосна реконструкција на водоводната мрежа и истата година, до крајот на 2019 година, речиси е завршена и реконструкција на кровот. Во 2019 година е извршена целосна реконструкција на покривот во хосписот во Битола, молерисување на објектот и реконсрукција на персоналните санитарни јазли. За полесно функционирање поставен е лифт во истоимениот хоспис, потенцираат од Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина -„13 Ноември”.
Додаваат дека утре (10 Октомври), кога е и Меѓународниот ден на палијативна грижа, луѓето од целиот свет кои биле погодени од болест што го ограничува животот – или лично или со поддршка на некој близок – ќе го слушнат својот глас, барајќи од креаторите на политиките да обрнат внимание да им дадат приоритет на политиките и услугите за палијативна нега и да се подигне свеста и разбирањето за потребите – медицински, социјални, практични, духовни – на луѓето кои живеат со болест што го ограничува животот и на нивните семејства.