Одложен почетокот на сезоната во мак-баскетот

Кошаркарската федерација на Македонија донесе одлука да го одложи стартот на новата сезона на неодредено време поради позитивни тестови на коронавирусот кај прволигашките екипи.  Сезоната во мак-баскетот требаше да почне овој викенд, но повеќе клубови поради инфицираните играчи во своите редови нема да можат да ги одиграат своите натпревари. Позитивни случаи на коронавирусот има во редовите на ТФТ,  Работнички, и ФМП, но по добивањет на комплетните тестови за сите екипи не е исклучена можноста вирусот да е присутен и во редовите на уште неколку прволигаши.

-Во очекување на комплетните резултати од ПСР тестирањето за коронавирусот кое го спроведуваме, а со кое беа опфатени сите клубови од Првата лига-мажи, како и официјалните лица, а поради неможноста да се предвиди временската рамка во однос на евентуалниот почеток на првенството, во овој момент не може да се гарантира дека започнувањето на националниот шампионат би имал регуларен тек. Во наредниот период, федерацијата ќе ја следи состојбата во нашата држава од здравствен аспект. Во консултации со Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје, ќе биде донесена одлука за почетокот на натпреварите од Првата лига-мажи“, велат од федерацијата.

 

Треба да знаете
Последни објави