Од денеска попладне (18 часот) поради изведување на градежни активности за реконструкција на улицата „Васил Ѓоргов“ во Скопје, ќе бидат затворени за сообраќај делови од истата.
Град Скопје вчера соопшти дека денеска попладне по 18 часот ќе бидат затворени одредени места од улицата и оти возилата ќе се пренасочуваат по околната патна мрежа. Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација.