ООУ „Кирил Пејчиновиќ” и проектот „Ритам на мирот”, поддржан од Амбасадата на Соединетите Американски Држави денеска потпишаа меморандум за соработка.
Во следните 12 седмици, училиштето и амбасадата ќе реализираат проект кој има за цел кај учениците од сите возрасти, преку повеќе активности да ги развие когнитивните и социјално емоционалните вештини. Проектот на децата ќе им помогне да научат подобро да зборуваат англески јазик, преку три различни активности на танц (комбинација на модерен, поп и балет) да научат да танцуваат, да научат да работат тимски и да се стекнат со поголема самодоверба. Покрај ова, ќе се одржат и курсеви по претприемништво и комуникациски вештини. По завршувањето на обуките, децата ќе знаат како да носат позитивни одлуки во нивните животи, а и како да влијаат на заедницата.
Обуките и часовите по модерни танци ќе ги држат професионалци, мешани тимови од САД и Северна Македонија. Проектот го имплементира MindLeaps од САД.
На потпишувањето на меморандумот присуствуваа градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, претседателот на Советот, Дарио Шимиќ и секретарот на Општината, Александар Алексовски.
За поддршката на училиштето, Општина Кисела Вода упатува голема благодарност до Американската амбасада.
Сите заинтересирани средни и основни училишта во државата, за вклучување во активностите, за новата рунда на обуки, може да се пријават на: davis@mindleaps.org.