Повеќе десетици лица се повредени во пожар кој изби во 33-катна станбена зграда во јужнокорејскиот град Улсан, објави државната новинска агенција Јонхап.
Според локалната пожарникарска служба, повредени се најмалку 49 луѓе. Нема информации за загинати лица.
Засега не се знае дали пожарот избил на 12-от кат од зградата, по што се проширил на останатите, повисоки катови. Огнот е моментно ставен под контрола, но останува нејасно дали постои опасност од уривање на целата зграда.
Пожарникарите реагирале брзо и евакуирале вкупно 380 станари.