Претседателот и Премиерот на Македонија им ја честитата победата на фудбалските репрезентативци

Претседателот на Македонија Стево Пендаровски и Премиерот Зоран Заев преку социјалните мрежи испратија честитки за победата на фудбалската репрезентација против Косово (2:1).

Четитки преку социјалните мрежи пристигнуваат и од другите спортски федерации, како и од бројни љубители и приврзаници на спортот. Сите посакауваат успешно да биде направен и последниот чекор со Грузија, па Македонија за првпат да заигра на завршница од едно големо натпреварување – ЕП-2020, кое е поместена за идната година.

Треба да знаете
Последни објави