На 08.10.2020 во 21.00 часот, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во дом и други простори кај лицето Б.Р.(38) од Гостивар и го привеле за издржување казна затвор од три години и шест месеци во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супастанции и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик.