Принцот Хари и неговата сопруга Меган ѝ се придружуваат на пакистанската активистка Малала Јусафзаи во видеоразговор за предизвиците со кои се соочуваат младите жени во пристапот до образованието среде пандемија на коронавирус.
Разговорот на парот со 23-годишната активистка за женско образование и најмлад лауреат на Нобелова награда за мир (2014) ќе биде објавен на јутјуб-каналот и на веб-страницата на „Фондот Малала“ в недела, по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на девојчето.
Тие ќе разговараат и за невидливите бариери што ги држат милиони девојчиња надвор од училиште.
Нобеловката Малала е позната по застапувањето за човекови права, особено за образованието на жени и деца во родниот Пакистан.
Виде разговорот опфаќа како пандемијата имала непропорционално влијание врз пристапот на младите жени до образование. Истражувањето на „Фондот Малала“ сугерира дека 20 милиони девојчиња во средно училиште можеби никогаш нема да се вратат на час по завршувањето на здравствената криза, пренесува британски Би-би-си.