Трет последователен ден Бугарија има рекорден број на новозаразени од коронавирусот. Властите информираат дека во последните 24 часа во државата од Ковид-19 се заразиле нови 516 лица, додека седумина ја загубиле борбата со смртоносниот вирус.
Активни случаи се 6.816, а бројот на хоспитализирани лица постојано расте и достигна до 1.063 лица кои се лекуваат во болниците низ земјата, од кои 56 се во единиците за интензивна нега.
Најголем број на новозаразени лица има во главниот град Софија – 138, а на второ место е Пловдив со 51 нов случај на коронавирус.
Од почетокот на пандемијата, 23.259 лица биле заразени со Ковид-19 во Бугарија. Од нив 15.563 се излекувани, а 880 починале.