Возачот на Ферари, Себастијан Фетел, пред трките за германското Гран при, му ја покажа на Мик Шумахер кацигата што му ја посвети на неговиот татко, седумкратниот шампион во Формула 1, Михаел Шумахер.
Кацигата на Фетел е направена по аналогија со онаа на Шумахер кога победи на трката на Нирбургринг по петти пат во кариерата во 2006 година.
Шумахер јуниор требаше да вози за Алфа Ромео на првиот тренинг, но денешните возења се откажани поради дожд и магла.
Михаел Шумахер продолжува да закрепнува од тешката повреда на главата по пад од на скијање во декември 2013 година.