Филипче: Заборавањето на основните мерки за заштита може да биде фатално

Заборавив веќе не е оправдување. Заборавањето на основните мерки за заштита може да биде фатално. Не забораваш клучеви, телефон и пари? Не заборавај маска, дезинфекција и да држиш дистанца. Едноставно е, напиша министерот за здравство, Венко Филипче, на „Фејсбук“.

Вчера на прес-конференција тој соопшти дека Комисијата за заразни болести ќе предложи маската да биде задолжителна секаде, и на отворено и во затворен простор, а исклучок ќе бидат само децата до 6-годишна возраст.Исто така, маска нема да мора да се носи и при спортување и во автомобил само доколку сите лица се од иста фамилија.

Треба да знаете
Последни објави