Министерката за труд и социјална политика денеска го посети малиот групен дом за деца со воспитни проблеми.Во овие домови се учат на добрите навики. Голем е придизвикот за децата кои биле запоставени. Тука работат стручни тимови кои се важни за развојот на овие деца. Пред нас има бројка од 270 деца кои треба да се сместат во групни домови, а до ноември уште 4 нови групни домови ќе бидат отворени, рече Шахпаска. Нефункционалноста на центрите за социјална работа министерката ја оправда со недоволен кадар.
– Центрите за социјална работа се прво место каде граѓаните бараат помош, постојано контактираме со нив, ги следиме кадровските услови и се обидуваме да ја подобриме работата на ЦСР, додаде Шахпаска.