Ако главната мерка за борба против Ковид е тоа што Спасовски ќе брои гости по домовите, освен тоа што го кршат Уставот, треба веднаш цела влада да си поднесе колективна оставка.
Ако Владата на Заев на владина седница ја одобри мерката предложена од партиската здравствената комисија тогаш ќе влезе во брутално газење на Уставот, а ако ја одбие тогаш Филипче и владата треба да побараат одговорност од комисијата и да ја разрешат, во спротивно ќе докажат дека си играат држава и целокупната криза е менаџирана од неспособни луѓе.
Според член 26 од Уставот полицијата може да влезе во дом само ако има претходно одлука од Суд, а не по желба единствено на МВР или обвинителството.
Или мафијата на Заев смета дека е суд, полиција и обвинителство во исто време па може да упаѓа по домовите и да бројат гости или ова е очаен обид на владата да го сврти вниманието од крахот и фијаското со здравствената криза.
Заев и Филипче предизвикаа целосен дебакл на здравствен план. Немањето јасна стратегија резултираше во 364 новозаболени од коронавирус во текот на вчерашниот ден.
Бројките галопираат. За три дена бројот на заразени е близу 1.000, односно половина од бројката од 2.000, колку што според Филипче требаше да изнесува бројот на заразени во Македонија во текот на целата пандемија.
Македонија и сите граѓани страдаат заради неспособноста и лекомисленоста на власта. Уште сме на почетокот на есента, а сезоната на грип само што не почнала и сепак бројот на заразени е алармантен. Со ваква неспособна власт кои бројки треба да ги очекуваме во претстојниот период?!
Кризата не ги затекна Заев и Филипче, тие знаеја дека ќе има уште пострашен удар од првиот бран, кој за жал кај нас е со продолжено траење, и не преземаа ништо во текот на летото за да ги зајакнат капацитетите на јавното здравство, како со болнички простории, така и со опрема.
Наместо импровизации и неспособност потребна е одговорност.