Карло Анчелоти ја освои наградата за тренер на месецот во септември во англиската фудбалска Премиер лига. Тренерот на Евертон го трансформираше тимот со нови засилувања како Хамес Родригез и тимот забележа четири победи од четири натпревари и е лидер во поредокот.
Во овој период, тимот постигна осум гола и прими три.
Генерално, Евертон ги прибра месечните награди откако и напаѓачот Доминик Калверт-Левин стана најдобриот играч за септември.