Арсовски: И додека функционерите на СДСМ земаат илјадници евра плата, прогнозите на Светска банка се сиромаштијата во Македонија е покачена во за 6.4%

Грижата на власта не е за граѓаните, туку единствено за нивните фотелји и луксуз. Над 40.000 граѓани на Република Македонија останаа без работа, огромен дел од компаниите се принудени да им исплаќаат им минималец плата на вработените, но затоа функционерите на СДСМ земаат огромни плати од граѓаните во илјадници евра.

Трет ден прашуваме јавно и бараме одговори од директорите, назначените функционери од СДСМ за висината на нивната плата која е исплатена со парите на граѓаните кои едвај мака мачат крај со крај да врзат низ месеците. Дали Марко Бислимоски како претседател на Регулаторна Комисија за енергетика има приходи од околу 2.000 евра месечно? Или тоа е 8 пати повеќе секој месец од некој граѓанин што зема минималец плата додека трае корона кризата.

Дали Томислав Тунтев секој месец зема околу 3.000 евра месечно плата од Агенцијата за цивилно воздухопловство? Или тоа е 12 пати повеќе од некој граѓанин што зема плата минималец во оваа криза. Замислете, некој вработен во приватна компанија што зема минималец цела оваа година заради корона пандемијата, Томислав Тунтев истите тие пари кои што ги зема граѓанинот за цела година ги зема за само еден месец и тоа од данокот што го плаќаат граѓаните. Тунтев за една година зема плата колку што некој што зема 250 евра плата треба да работи 12 години.

Дали Кристијан Трајковски, директорот на Јавното претпријатие за стопанисување со јавен, станбен и деловен простор зема плата од над 75.000 денари, плус бонуси и додатоци вклучени во менаџерскиот договор?

Претпријатието тоне во долгови, а платите на менаџерскиот тим се огромни.

И додека функционерите на СДСМ и Заев земаат илјадници евра плата, прогнозите на Светска банка се дека сиромаштијата оваа година е покачена во Македонија за 6.4%. Над 23.3% од населението живее во длабока сиромаштија, но затоа функционерите на СДСМ живеат во најголеми луксузи.

Земаат илјадници евра плата и се возат во најлуксузни коли на терет на државата и граѓаните.

Одговори на овие прашања мора да има. Лицемерието на власта мора да прекине и нека не ги лажат граѓаните дека се грижат за нив и нивната егзистенција.

Треба да знаете
Последни објави