Карди Би, Кери Вашингтон и Мег Сталион беа меѓу славните кои се огласија на социјалните мрежи во средата за да ги дадат своите размислувања за потпретседателската дебата меѓу Камала Харис и Мајк Пенс во Солт Лејк Сити.
Карди Би го обвини Пенс за кршење на претходно одредени временски правила, слично на минатонеделниот жесток дуел помеѓу претседателот Доналд Трамп и Демократскиот кандидат, поранешниот потпретседател Џо Бајден.
Хип хоп sвездата беше критична кон Пенс и модераторот на дебатата Сузан Пејџ во некои моменти од дебатата, за кои таа смета дека Пенс можел да ги прекршува правилата без никакви последици.
„Тој ги крши правилата. Не ми се допаѓа“, напиша таа. „Не ми се допаѓа ниту медиаторката. Ми го покачија крвниот притисок.“