Крстосницата кај Собрание затворена во наредните три дена

Градот Скопје известува дека почнувајќи од утре (10.10.2020 година, сабота) во 6 часот, па се до понеделник (12.10.2020 година) во попладневните часови, целосно затворена за сообраќај ќе биде крстосницата кај Собранието на Република Северна Македонија, односно крстосницата меѓу улиците 11 Октомври и Даме Груев, поради изведување градежни работи.

За сообраќај ќе бидат слободни само десното вртење од улицата Даме Груев кон улицата 11 Октомври и десното вртење од улицата Филип Втори Македонски кон улицата Димитрие Чуповски.

Автобускиот превоз ќе се движи по улиците Даме Груев и Филип Втори Македонски.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да го почитуваат воведениот режим на сообраќај и поставената патна сигнализација.

 

Треба да знаете
Последни објави