Лавров: Загрижува интензивирањето на воената активност на НАТО во близина на руските граници

Интензивирањето на воената активност на НАТО во близина на границите на Русија во регионот на Балтичко Море е причина за загриженост, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на денешната прес-конференција по средбата со неговиот дански колега Јепе Кофод.

Тој информира дека со шефот на данската дипломатија разговарале за безбедносните прашања во регионот на Балтичко Море.

– Го свртевме вниманието на нашите партнери кон алармантното зајакнување на воената активност на НАТО во непосредна близина на руските граници, рече Лавров.

– Нагласивме дека не гледаме никакви проблеми во тој дел на Европа и во цела Европа за кои е потребно воено решение, истакна тој.

Лавров изјави дека Русија го потврди својот став против конфронтацијата и за развој на конструктивен дијалог.

Рускиот министер за надворешни работи потсети и на бројните предлози доставени од руска страна до Северноатлантскиот сојуз за нормализирање на состојбата и градење доверба во заедничкиот регион, вклучително и предлози за поместување на вежбите од линијата на контакт Русија-НАТО и аранжман за договарање на минимално растојание кое би го почитувале морнаричките и воздухопловните сили.

„Од НАТО досега не добивме никаков одговор на овие конструктивни предлози, подвлече Лавров.

Треба да знаете
Последни објави