Руската гимнастичарка која освои и златен олимписки медал Алина Кабаева (37) не е видена во јавност од 2018 година, кога руските медиуми објавија дека е во вториот месец од бременоста. Според тамошните медиуми, Алина наводно родила близнаци во април минатата година, но јавноста е загрижена бидејќи тие воопшто не ја виделе, пишува The Sun.
Се шпекулираше дека поранешната спортистка добила близнаци со рускиот претседател Владимир Путин (68), пишува The Sun.
Алина беше член на партијата Единствена Русија на Путин и шеф на Националната медиумска група. Таа, наводно, ја започнала својата врска со Путин пред 12 години.
Путин го крие приватниот живот од јавноста. Тој исто така ги крие своите две возрасни ќерки, па дури и и имал направено лажни лични карти.
„Со оглед на тоа што Путин е толку опсесивен кога станува збор за безбедноста на неговото семејство, фактот дека Алина се крие дополнително ги зајакнува сомневањата дека таа всушност ги родила неговите деца“, изјави извор за странските медиуми.
До 2014 година, Путин беше во брак со Људмила Путин (62) и заедно ги имаат ќерките Катерина (34) и Марија (35).