Американската Канцеларија за контрола на странски средства (ОФАЦ) на својот долг список на санкции кон официјален Техеран додаде уште 18 ирански банки.
Американскиот министер за финансии Стивен Мнучин изјави дека одлуката за санкции претставува јасна заложба на американските власти за запирање на нелегалниот пристап до американскиот долар.
-Нашите програми за санкции ќе продолжат се додека Иран не престане да ги поддржува терористичките активности и не ја прекине својата нуклеарна програма, рече Мнучин, цитиран од Анадолија.
Администрацијата на САД во 2018 година еднострано се повлече од нуклеарниот договор со Иран потпишан во 2015 година, по што почна повторно да воведува санкции за Техеран.