Македонската фудбалска репрезентација е на само еден чекор од историски пласман за премиерен настап на завршница од ЕП-2020. Соседот Косово падна во Скопје (2:1) во полуфиналната пресметка, па сега на ред е дуелот со Грузија во Тбилиси идниот месец. Со триумф сонот на генерации македонски фудбалери, спортски работници и армија навивачи во изминативе 27 госдини ќе стане реалност.
Покрај настапот, гебнерацијата предводена од капитенот и најдобар стрелец во државниот дрес Горан Пандев, поддржан од помлади соиграчи кои веќе со тимот да 21 година го направи тој поддвиг во 2017 година, ќе и донесе во касата на ФФМ дебела премија.
УЕФА на сите учесници на ЕП-2020 ќе им исплати по 9.25 милиони евра, а дополнителните „бонуси“ кои ќе ги добијат репрезентациите ќе зависта од постигнатите резултати. Секоја победа ќе се нагрљадува со вреди 1,5 милиони евра, нерешените исходи со по 750.000 евра, а поминувањето на групата и пласманиот во следната елиминаторна рунда носи и дополнителни два милиони евра.
Ако Македонија ја мине Грузија ќе се најде во група со Холандија, Австрија и Украина и ќе ги игра натпреаврите во Букурешт.