ППД Загреб и Вори ја прекинаа соработката

По само четири месеци поминати на жешкото тренерско столче кај хрватскиот ракометен првак ППД Загреб, Игор Вори се збогува од функцијата. Поранешниот легендарен ракометар повеќе не е тренер на екипата на ППД Загреб, откако со раководството на клубот денеска дошле до заклучок дека на тимот му е неопходна промена на клупата по петте порази од стартот на новата сезона.

-Управата на клубот и Игор Вори заеднички дојдоа до заклучок дека е неопходно да се направи промена, со цел екипата да се подготви за следнииот период и да почне да освојува бодови, се вели во соопштението од Загреб.

Вори на клупата го наследи Веселин Вујовиќ на почетокот од јуни, по што загуби двапати на фајналфор-турнирот од регионалната СЕХА-лига во Задар, а потоа и во првите три средби од Лигата на шампионите.. Пред хрватскиот тим е гостување во Барселона, а потоа и средба на домашен терен со Цеље.

Хрватските медиуми шпекулираат дека на негово место ќе седне легендарниот хрватски голман, Владо Шола.

Треба да знаете
Последни објави