Припадници на хрватската армија денеска почнаа со поставување шатори за тријажа пред Клиничкиот болнички центар (КБЦ) Загреб, објави хрватското Министерство за одбрана.
Шаторите се поставени за да и помогнат на локалната заедница и институциите на граѓанското општество во борбата против епидемијата на Ковид-19.
Три големи шатори со греење ќе бидат поставени пред зградата на КБЦ Загреб.
Од почетокот на епидемијата во Хрватска, поставени се шатори пред шест болници во државата.
Бројот на новоинфицирани лица се зголемува во Хрватска во последните неколку недели, а во изминатите 24 часа е постигнат апсолутен рекорд од почетокот на епидемијата со 457 дневни нови инфекции.