Шик, тренди и смело: Кендал Џенер со гол грб

Ѕвездата на ТВ-шоуто „Дружење со семејството Кардашијан“ и една од најплатените модели на денешницата, Кендал Џенер, облече смела блуза со отворен грб и истобојни хеланки за да го вози својот винтаџ „кадилак“ околу Малибу во четвртокот.

Застанувајќи на бензинска пумпа, 24-годишниот топ-модел се погрижи да се заштити себеси и другите од коронавирусот носејќи кафена маска на лице.

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, на 18 јуни ги направи маските и марамите на лицето задолжителни за секое излегување на отворено.

Кендал Џенер беше најплатен модел во светот за 2018 година, според „Форбс“. Таа успеала да заработи 22.5 милиони долари само таа година, надминувајќи ги Карли Клос и сестрите Џиџи и Бела Хадид.

Најголем дел од профитот Кендал го остварила благодарение на соработката со брендовите„Адидас“, „Келвин Клајн“ и „Естер Лаудер“.

Треба да знаете
Последни објави