Пратеникот Јахоски со коронавирус на Инфективна, епидемиолози ги испитуваат пратениците

Пратеникот од ДУИ, Исмаил Јахоски, сопственик на „Пуцко петрол“ е хоспитализиран на Инфективната клиника поради висока температура. Потврда на информацијата за ТВ24 дојде и од Собранието. Според информациите Јахоски е потврдено дека има Ковид 19.

Извори од Собранието за ТВ 24 велат дека Јахоски последен пат бил на работа во средата на Комисијата за финансирање и буџет.

Собранискиот спикер Талат Џафери го информирал претседателот на Комисијата за заразни болести и се прави епидемиолошка анкета на пратеници.

Засега, според извори од кабинетот на претседателот Џафери, планот е на 12 октомври да се продолжи со работа со седница доколку се добие дозвола од Комисијата за заразни болести.

Доколку нема доволно гласови ќе се прекине седницата. Според истите извори од 15 октомври почнува комисиската расправа за ребалансот на Буџетот, па се очекува намален интензитет на пратеници во Собранието. Сепак конечната одлука ќе зависи од Комисијата за заразни болести.

Од ДУИ засега молчат за случувањата со Јахоски и кој поради контакт со него ќе оди во изолација.

Од пратеничката група на СДСМ за ТВ 24 велат дека уште во вторник тие повторно на маса ќе го стават барањето за онлајн заседавање на Собранието.

ВМРО-ДПМНЕ досега се противеше на оваа опција. Инаку поради коронавирусот и пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ не доаѓа на работа уште од Седницата за избор на заменици министри.

Треба да знаете
Последни објави