Македонската фудбалска репрезентација на вечерашниот дуел со Естонија ќе настапи во различен состав за разлика од средбата со Косово одиграна во четвртокот.
На голманската позиција ќе биде Дамјан Шишковски, кој ќе го замени Столе Димитриоски кој мора во изолација поради наводен позитивен тест на коронавирус.
Во дефанзивната линија се Езѓан Алиоски, Кире Ристевски, Ѓоко Зајков и Стефан Ристовски.
Бобан Николов и Стефан Спировски ќе бидат поповлечени во средниот ред, а пред нив се Александар Трајковски, Ферхан Хасани и Тихомир Костадинов.
Најистурен ќе биде Иван Тричковски.
Почетокот на натпреварот во Талин е во 18 часот