Под влијание на циклонска активност утре попладне, во текот на ноќта и во вторник претпладне ќе биде облачно со врнежи од дожд.
Врнежите ќе почнат од запад, а во вечерните и ноќните часови зоната на врнежи ќе се прошири во целата земја. На повеќе места се очекуваат обилни врнежи, од 30 до 40 литри на метар квадратен за 24 часа, а локално и повеќе, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Во ноќните и раните утрински часови кон вторник, врнежите на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува засилен ветер, утре од југоисточен, а во вторник од југозападен правец.