Според полицијата, околу 13 часот во с.Трубарево се случила сообраќајна незгода во која учествувале автомобил БМВ со скопски регистерски таблички, управувано од Д.Д. (1948) , пешак малолетник и мотор управуван од Ќ. И. (1980) од.с.Долно Лисиче. Возачот на моторот на лице место им подлегнал на повредите.
Со возило на Итна медицинска помош, возачот Д. Д.и малолетникот се пренесени во Ургентниот Центар. Детето им подлегна на повредите во ГОБ Св. Наум Охридски.