(ВИДЕО) Синот на Шумахер му ја подари на Хамилтон кацигата на татко му по израмнувањето на рекордот во победи

Синот на седумкратниот светски шампион во светските првенства во класата Формула 1, Германецот Михаел Шумахер, Мик Шумахер, во неделата му ја подари на Британецот Луис Хамилтон кацигата на својот тато во чест на израмнувањето на рекордот во победите.

Мик Шумахер големиот гест го направи, откако 35-годишниот Хамилтон претходно на трката за Големата награда на Ајфел на германската патека Нирбургринг со седмата победа во 11-та трка сезонава го израмни рекордот на Михаел Шумахер од 91 победа во кариерата.

„Не знам што да кажам. Кога растеш и ја гледаш Фомрула 1, го гледаш нивото на пилотите кои настапуваат. Никогаш не очекував дека некогаш ќе успеам да дојдам до овие бројки. Ми треба време да го сфатам ова“, изјави Хамилтон во интервјуто за новинарите по трката.

Хамилтон е шесткратен светски првак и веќе на 25-ти октомври на трката за Големата награда на Португалија може да направи голем чекор во обезбедувањето на новата титула со што ќе се израмни со славниот Шумахер и по овој показател.

 

Треба да знаете
Последни објави