Заев: Земјата никогаш веќе нема да биде ставена под знак прашалник

Премиерот Зоран Заев денеска по повод празникот 11 Октомври, денеска во Куманово на Спомен Костурницата изјави дека Kуманово е градот херој.

Вели дека имаме патриотска доклжност да се обединиме во создавањето на едно праведно општество.

Заев рече дека мораме да одиме по патот на европските вредност. Премиерот вели дека со Договорите потпишани со Грција и Бугарија, земјата направи пробив на меѓународен план.

„Членството во НАТО ја редефинираше нашата улога на меѓународната безбедносна арена, рече Заев.

Додаде дека Македонија никогаш веќе нема да биде ставена под знак прашалник.

Вети дека доаѓа време на ред, правда и мир.

Заев повика здружено да ја победиме пандемијата на коронавирусот, затоа што како што рече сега во есен, состојбата ќе се „вжештува“.

Треба да знаете
Последни објави