Велешанец во својот дом на ул. Христо Татарчев” во близина на ООУ „Васил Главинов” во бањата синоќа, 20 – тина минути по полноќ се здобил со повеќе изгореници на лице и раце од експлозија која настанала од неиправна гасна инсталација на проточен бојлер.
Повредениот 48 годишен К.Б.веднаш со возило на Итна помош бил однесен во велешката Општа болница каде му биле санирани повредите и е задржан на понатамошно лекување.
Како што информира за МИА,д-р Весна Неделковска Николова пациентот се здобил со изгореници од прв и втор степен на лице и на двете подлактици,а има и отворена рана на левата подлактици, но е вон животна опасност.
-Повредите и раната му се обработени и санирани и оставен е на лекување во Хирушкото одделение при велешката Општа Болница,информира д-р Неделковска Николова.
Настанот за МИА го потврди и портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски чија екипа на СВР Велес направила увид во несреќата.
На местото на настанот била повикана и екипа на Територијалната противпожарна единица. Оттаму информираат дека бидејќи немало пожар при експолозијата, немало и потреба од нивна интервенција.