На денешен ден 11 Октомври – Денот на народното востание, нашите сограѓани во Куманово и Прилеп, го означија почетокот на сенародната борба за слобода и правда и го започнаа остварувањето на вековниот сон – сопствена и заслужена државност. Со овој голем историски чин започна и впишувањето на македонската држава на мапата на нациите на светот, објави на неговиот фејсбук профил премиерот Зоран Заев.
-Македонската државност е изнедрена од борбата за правда и еднаквост. Во темелот се вградени заложбите, напорите и саможртвата на огромен број генерации. Благодарение на овој пркос, денес, Република Северна Македонија е меѓународно призната држава со сопствена и со сојузничка армија, со државна валута и со сите постулати на државност.
Нека ни е честит и вековит 11 Октомври – Денот на народното востание!, стои во честитката на премиерот Заев по повод денешниот државен празник.