Лига на нации: Халанд со шоу против Романија, Англичаните ја соборија Белгија

Норвешка стигна до импресивна 4:0 победа над Романија во меч од Лигата на нации, во која блесна Ерлинг Халанд со хет-трик во Лига Б, Англија со 2:1 ја победи Белгија во дербито во Лига А, Хрватска со 2:1 во финишот ја совлада Шведска, додека БиХ и Холандија одиграа 0:0.

Халанд во 13. минута го постигна првиот гол по одличната асистенција на Едегард, а во 39. минута „викинзите“ зголемија на 2:0 со голот на Александер Солрот. Ѕвездата на Борусија Дортмунд во второто полувреме го комплетираше хет-трикот со голови во 64. и 74. минута.

Англија на „Вембли“, губеше од 16-тата минута со голот на Ромелу Лукаку од пенал, но Маркус Рашфорд исто така врати од белата точка во првото полувреме. Трите поени за „трите лава“ ги освои Мејсон Маунт со одличен гол во второто поувреме.

Хрватите се вратија на победите на „Максимир“, откако со 2:1 ја совладаа Шведска. Никола Влашиќ постигна убав гол за 1:0, но во второто полувреме Швеѓаните се вратија преку Берг во 66. минута, пред во 84. минута Крамариќ по асистенција на Перишиќ да ги постави конечните 2:1.

Треба да знаете
Последни објави